Припадници на МВР, Управа за технологија, Служба за борба против високотехнолошки криминал во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал го уапси Љ.М. (1992) од Параќин, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено искористување на авторско дело или предмет на сродно право“, соопшти денеска МВР.
Осомничениот го објавил авторскиот филм „Недела“ на својот Фејсбук профил и на Јутјуб и на тој начин им овозможил на голем број корисници на споменатите интернет платформи да го преземат.