Додик ја објави својата кандидатура за претседател на Република Српска за следниот мандат

Од:

Актуелниот претседател на Српска и лидер на СНСД, Милорад Додик ја објави својата кандидатура за претседател на Република Српска за следниот мандат.

Ова го изјави на состанокот на Главниот одбор на СНСД.

– СНСД носи сила во себе и тоа е најголемата сила на Република Српска – рече Додик.

Додик порача дека моралот мора да биде единствен, постојан и упорен.

– Нашите победи мора да започнат денеска и од нас се бара истрајност, а за неуспехот нема оправдување. Мора да му служиме на народот – рече Додик.

Тој додаде дека Српска мора да води сметка Србија секогаш да биде на нејзина страна.

– Одлучноста на Српска и нејзината внатрешна структура никој не треба да ги доведува во прашање и затоа е важно и денес да ги избираме нашите тела за да ги носиме најдобрите одлуки – рече Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Додик: Владата е стабилна, Република Српска не е безбедносно загрозена

Додик доби забрана за влез во две европски земји

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Додик: Ќе продолжам да победувам во Република Српска