Голем проблем во Германија, потребни се војници

Од:

Бројот на германски војници oпадна на 181.500, и покрај големите владини напори да го зголеми нивниот број, соопшти Министерството за одбрана.

Тоа значи дека на крајот на минатата година во Бундесверот имало околу 1.500 професионални војници и доброволци, помалку од една година претходно. На крајот на 2022 година ги имало 183.050.

Примарната цел на Армијата останува одржливо да ја подобри подготвеноста на нејзиниот персонал, рече портпаролката на Министерството.

„Потребни ни се квалификувани и оперативно подготвени мажи и жени, доволни за задачите и мисиите пред нас“, рече таа.

Германската цел е до 2031 година да го зголеми бројот на војници на 203.000. Поради падот на бројот на војници, неодамна се зборува за повторно воведување на задолжителен воен рок или за регрутирање војници кои не се германски државјани.

Во Германија, во 2011 година, по 55 години, задолжителниот воен рок беше суспендиран, но не и укинат.

Руската инвазија на Украина во февруари 2022 година го потресе германскиот одбранбен естаблишмент, предизвикувајќи серија промени, вклучително и зголемување на воениот буџет и загриженост за севкупната борбена готовност.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува