Митева: Нов Клинички центар, укинување на дуализмот, јакнење на јавното здравство, достапни лекови се дел од новиот концепт за здравство

Од:

Седум години власт на СДС и ДУИ резултираше со уништен здравствен систем, незадоволни лекари и граѓани кои ја изгубија довербата во најхуманиот ресор. Затоа на здравствениот систем во Македонија му е потребен комплетен рестарт. ВМРО-ДПМНЕ како идна влада, има визија, но и мисија да го стави здравството високо на приоритетите. Градиме нов концепт за здравството. Платформата за здравствената иднина предвидува комплетна трансформација“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде изградба на нов Клинички центар во Скопје и Штип. Тоа подразбира и укинување на економските директори на клиниките. Ова двојство кое е базирано преку врзани потписи на медицинскиот и економскиот директор е една конфузија која не дава резултати, туку е само коалициски договор.

Понатаму, ќе промовираме национална стратегија која ќе предвидува нов начин на водење на кадровска политика, преку современа и континуирана медицинска едукација, но и современа инфраструктура. Така ќе имаме задоволен медицински кадар кој нема да заминува од Македонија, а со тоа граѓаните ќе добиваат соодветни медицински услуги дома.

Регионализацијата на здравствениот систем претставува предуслов за добивање на квалитетни здравствени услуги, затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на стратегија за регионализација на болниците. Штипскиот клинички центар ќе биде една од тие регионални болници.

Четврто, приоритет на идната влада ќе биде и редовното ажурирање на позитивната листа на лекови, односно проширување со нови лекови кои ќе го подобрат здравјето на граѓаните.

Ќе работиме на 3 круцијални сегменти: ефективност, ефикасност и економичност во здравствениот систем. Така јавното здравство во целост ќе ги пружа услугите на граѓаните. Во однос на тоа, една од главните цели на програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде зајакнување на капацитетите на јавниот здравствен систем. Воедно, ќе изградиме и нови пунктови за итна медицинска помош и ќе го зголемиме капацитетот на возилата согласно потребите на граѓаните.

Ова е новиот здравствен концепт, новата платформа за иднина која подразбира целосна трансформација на здравствениот систем. Подобри услови за медицинскиот кадар, и уште подобри услуги за граѓаните“, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти