Џафери – Ќучук: Членството во ЕУ останува стратешка цел на Северна Македонија

Од:

Мислења за напредокот на државата во контекст на македонската евроинтеграција и внатрешно-политичката состојба пред претстојните парламентарни и претседателски избори, разменија денеска техничкиот премиер Талат Џафери и европратеникот Илхан Ќучук, известител во Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

Како што информира владината прес-служба, Џафери на средбата истакнал дека членството во ЕУ останува стратешка цел на земјава, а исполнувањето на обврските кои се дел од преговарачката рамка со ЕУ и натаму е цврста заложба на Владата.

Џафери и Ќучук размениле ставови и за постигнатите реформи во државата, како и за динамиката на односите на земјите од Западен Балкан со Европската Унија. Двајцата соговорници се согласиле дека продолжувањето на процесот на проширување е во интерес на Европската Унија, а на тој начин државите од Западен Балкан ќе бидат фокусирани на засилувањето во спроведувањето на реформските процеси.

-Изразувајќи благодарност за досегашната блиска и активна соработка со европратеникот Ќучук во изминатите четири години, премиерот Џафери го нагласи задоволството од поддршката на Ќучук во промоцијата на европското досие на Северна Македонија во Европскиот парламент и неговиот личен придонес во носењето важни одлуки за земјата. Последен успешен пример во таа насока беше процесот на „Дијалогот Жан Моне“, во рамки на кој се одвиваа разговорите за новиот Деловник на Собранието, кој беше усвоен со консензус од пратениците, наведува Владата.

Честитајќи му го изборот за претседател на техничката Влада на Џафери, Ќучук истакна дека овој избор е успех не само за Северна Македонија, туку и за регионот, притоа, посочувајќи дека Северна Македонија уште еднаш стана пример и за многу европски земји за успешно функционирање на мултиетничката демократија. Воедно, нагласи дека земјата и натаму ќе може да смета на неговата поддршка и изрази надеж дека по претстојните избори за пратеници во Европскиот парламент, ќе има можност да продолжи да придонесува за побрза интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ