ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Од:

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека петмина турски државјани, откако се изгубиле на Водно, се пронајдени и безбедно евакуирани кон Скопје.

– По добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на паркингот кај Милениумски Крст на Водно се наоѓаат пет лица, турски државјани, кои се изгубиле и не знаеле да се спуштат надолу откако се стемнило, од Секторот за операции и координација на ЦУК се известени дежурните од полицијата, СВР Скопје, кои веднаш тргнале со возило. Притоа, од ЦУК им бил даден и телефонскиот број на пријавителот, турски државјанин, за да се оствари и непосредна комуникација преку „вибер“, согласно потребите, се посочува во соопштението од ЦУК.

Во 18.10 часот петте лица, турски државјани, се пронајдени и од кај месноста Милениумски Крст на Водно, согласно остварените контакти со СВР Скопје, се земени со возило на полицијата и безбедно се евакуирани кон градот.

Би можело да ве интересира

Горат шуми кај скопските села Виниче и Зелениково, како и на планината Кожуф

ЦУК: Активни се пет пожари, еден е под контрола

ЦУК: Активни се четири пожари, два се под контрола, а изгаснати се 23 пожари

Под контрола се пожарите во „Вардариште“, на Кожуф, во „Јасен“ и кај Никуштак

Горан Наумовски

ЦУК: Граѓаните денеска ќе добијат тест-СМС порака

ЦУК: Активен е само еден пожар на отворен простор