Вистинската драма се случила денеска околу 14.20 часот на аеродромот во Загреб откако авионот пристигнал од Виена. Имено, полицијата добила дојава дека до авион е оштетена кутија со димензии 50х70 сантиметри.
„Полицијата веднаш по откривањето ги презеде сите неопходни мерки и дејствија, при што е утврдено дека во кутијата нема експлозивни материи со оглед на тоа дека од двете воздушни перничиња, едното се активирало без никакви последици“, велат од загрепската полиција за кутијата во која се превезувал волан на патничкиот автомобил.
Додаваат и дека се активирало на едно од двете воздушни перничиња најверојатно било поради невнимателно ракување.