ЛДП: Неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да учествува во техничката влада, да прави кворум, а да не гласа

Од:

Законска обврска за техничката влада е да организира фер и демократски избори, а Либерално-демократската партија останува на европскиот пат ставајќи го интересот на граѓаните и на државата на прво место заедно со пратениците од мнозинството, реагираат од ЛДП.

„Како партија нема да дозволиме деструктивните сценарија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да успеат само затоа што нивниот најголем проблем е изборот на Талат Џафери кој беше министер и носител на висока функција во периодот на нивната влада во минатото. Исто така, неодговорно e да се предложат министри, да се прави кворум, а потоа да не се гласа за сопствените министри. Во изминатите години ЛДП покажа дека е партија која е стожер на прогресот и знае да го штити гласот на граѓаните и нивното неприкосновено право за слободно изразување на нивната волја“, велат преку соопштение од партијата.

Во Собранието во тек е 141. седница со единствена точка на дневниот ред избор на техничка влада. Дневниот ред беше изгласан со 66 гласови „за“, без против и воздржан. Во салата имаше регистрирано 108 пратеници.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба