Во Германија: Маж си ги убил најблиските, па починал во болница

Од:

Три лица се пронајдени мртви во семејна куќа во Монтабаур во германската покраина Северна Рајна Вестфалија. Како што потврдија од германската полиција, станува збор за убиство за кое е осомничен член на семејството.’

Трите лица пронајдени мртви во четвртокот во Монтабаур се таткото (68), маќеата (39) и полубратот (3) на убиецот. Ова го соопштија од полицијата и од државното обвинителство.

– Според досегашните информации, позадината на делото може да биде семејна расправија. Насилникот и жртвата живееле во иста куќа – вели државниот обвинител.

Во четвртокот наутро наводниот сторител Михаел Д.(37) накратко и се јавил на својата партнерка и и признал дека убил три члена од неговото семејство, јавуваат германските медиуми. Жената потоа ја известила полицијата.

Откако полицијата пристигнала во Монтабаур, напаѓачот прво се забарикадирал на местото на злосторството.

– Полицијата потоа го опколи целиот станбен простор за да се исклучи каква било опасност по животот или телото на трети лица – велат истражителите.

По неколкучасовни преговори со полицијата, осомничениот околу пладне си пукал во главата и со тешки повреди бил пренесен во болница, соопштија од полицијата. Во текот на попладневните часови лекарите констатирале мозочна смрт на 37-годишниот.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД