Ученичка е убиена денеска во средно училиште во општина Санкт Леон-Рот во германската покраина Баден-Виртемберг, соопшти денеска полицијата.
18-годишниот осомничен за убиството, кој исто така е ученик во училиштето, бил уапсен откако претходно бил во бегство.
На местото на настанот пристигнале голем број полициски возила и спасувачи, како и хеликоптер, а по алармот училиштето било евакуирано.
Според германскиот медиум SWR, убиената ученичка е на иста возраст со осомничената за убиството.
Станува збор за училиште во кое моментално посетуваат 685 ученици, а подучуваат 85 наставници.