Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Од:

Градоначалникот на Општина Гевгелија неколку години во неколку наврати доделува големи суми на пари на ракометен клуб основан од неговиот татко, обвинија од општинската организација на СДСМ.

„Ако во Охрид градоначалникот Кирил Пецаков основал ракометен клуб на свое име и си доделил 250.000 евра, во Гевгелија градоначалникот Андон Сарамандов отишол чекор понапред. Основач на женскиот ракометен клуб ” Гевгелија ” е токму таткото на Сарамандов, Герасим Сарамандов како што е заведено во централниот регистар.

Герасим Сарамандов е се уште актуелен претседател на женскиот ракометен клуб ” Гевгелија ” кој во последните три години добива средства од општината за клубот вкупно во износ од 2,2 милиони денари или приближно 35.800 евра“, соопштија од општинската организација на СДСМ во Гевгелија.

Во 2021 година му биле префрлени 350.000 денари, во 2022-та добил 850.000 денари, а лани градот му исплатил на клубот еден милион денари. Клубот е на дното на втората ракометна лига.

Од СДСМ Гевгелија сметаат дека се работи за голем судир на интереси и дека тоа е начин како да се испумпаат што повеќе пари во очи на предизборието и го повикаа надлежното обвинителство да реагхира затоа што постои основано сомнение дека парите ќе се слеат токму во џебот на фамилијата Сарамандови.

„Последниот збор да го дадат надлежните институции и да утврдат дали криминалот продолжува да цвета на општинско ниво со оглед на тоа што најголема надеж им е дека ќе ги добијат изборите закажани за мај и ќе избегнат секаква одговорност затоа што најдобро знаат како се раководи со судството од “ тефтерчето “. Оставаме и граѓаните да судат ако на ваков начин испумпуваат пари од општинските каси, каква власт би биле кога би раководеле со државата.

ДПМНЕ е истото од времето на режимот! Освен крадење, спинување на лажни вести и креирање нереална слика за власта на СДСМ, кај нив не се сменило ништо“, порачаа оттаму.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија