Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз верува дека Јаник Синер има капацитет да го победи Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен.
Алкараз не успеа да се пласира во најдобрите четири во Мелбурн, бидејќи во четвртфиналето загуби од Германецот Александар Зверев по четири сета.
Тенисерот од Мурсија изјави дека неговиот нов тенис е срамен, а на прес-конференцијата му беше поставено прашање и за Новак Ѓоковиќ.
Алкараз беше единствениот кој го победи Ѓоковиќ на Грен слем минатата сезона, а тој беше прашан дали има некој друг играч кој може да го направи тоа овој пат.
„Мислам дека играчите кои стигнаа до полуфиналето имаат ниво на игра за да можат да го победат Новак. Ајде да видиме. Не е лесно да се победи Новак на кој било турнир и мислам дека е потешко да се направи тоа на грен слем. Синер игра неверојатен тенис, тој нема загубено сет на овој турнир. Тоа значи дека има ниво на тенис и капацитет да го победи Новак. Ќе ги гледам тие натпревари и да, мислам дека сите играчи кои се во полуфиналето може да го победат“, рече Алкараз.
Во петок во полуфиналето ќе играат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, а втората двојка ја сочинуваат Данил Медведед и Александар Зверев.