Димитриевски: Лидл е најголемата инвестиција во Куманово, се очекуваат над 150 вработувања во општината

Од:

На површина од 63.000 метри квадратни метри и со очекувано вработување на над 150 лица, Општина Куманово ја доби до сега најголемата инвестиција која ќе се реализира во индустриската зона во Куманово, логистички центар на Лидл. За градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, ова претставува развој на Куманово и индустриската зона Речицa, но и на североисточниот плански регион на Македонија

„Јас денеска како градоначалник сум среќен што имам чест да присуствувам на оваа манифестација на покана на инвеститорот и сакам да се заблагодарам на претставниците на ЛИДЛ, германската амбасада во државата и вработените во општина Куманово, јавните претпријатија и сите институции, кои дадоа позитивен придонес во подготовка и реализација на ваквиот проект, вклучувајќи ги и лицата кои беа вработени кај инвеститорот или ангажирани како фирми, кои беа логистичка поддршка. Без нивен личен ангажман немаше да бидат надминати сите бирократски процедури во системот и сите пречки, со кои се соочивме во текот на целата реализација на постапката. Искрено благодарам на инвеститорот за неговата лична заложба оваа голема инвестиција да ја лоцира во нашата индустриска зона, која самата по себе со атрактивноста и местоположбата нуди дополнителни можности за развој и на ЛИДЛ, но и на самата зона, како и на кумановското и македонското стопанство во целина. Овој нов стопански капацитет, во иднина очекуваме да вработи над 150 луѓе, но и дополнително да ангажира голем број логистички и шпедитерски компании од градот, регионот, државата и пошироко со непречен транзит на стоки и добра, со што ќе придонесе за зголемување на БДП, не само во општина Куманово, туку и пошироко“, истакна градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Првото писмо за намера за инвестиции од реномираната светска компанија Лидл, Општина Куманово го доби во мај 2022 година, по што беше спроведена законска постапка за урбанизација на просторот од 17 хектари земјиште, отуѓување на земјиштето по пат на  јавна лицитација во вкупна вредност од 5,3 милиони евра и издавање на одобрение за градење во најкус можен рок.  Постапката беше спроведена во законски рамки, но за жал со голем број на бирократски проблеми, порача градоначалникот Димитриевски.

„Целосната постапка беше спроведена во законски рамки, но за жал со голем број на бирократски проблеми и свесно несвесни опструкции на процесот од страна на надлежни државни органи и поединци, при што сметам дека од ова искуство државата треба да извлече дополнителни заклучоци, за да ја намали улогата на поединецот во системот, а истиот да го направи пофункционален во интерес на поголем број на вакви големи инвестиции од страна на странски и домашни потенцијални инвеститори во државата, со цел да се зголемува и нивото на инвестиции, но и капацитетноста на македонското стопанство“, вели тој.

Градоначалникот Димитриевски порача инвеститорот Лидл да продолжи со своите инвестиции во општина Куманово, регионот и североисточниот плански регион и државата, бидејќи на тој начин покрај тоа што граѓаните ќе добијат поквалитетен сервис, услуга и производи во дејноста на инвеститорот, ќе се подигне и нивото на конкурентноста на пазарот, ќе се намалат цените на производите кон граѓаните, а воедно ќе се отворат и нови можности за дополнително наменско производство на прехранбени и други производи од страна на домашни локални производители и даватели на услуги.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра