(ВИДЕО) Кузеска: Година на одлука, европски напредок со СДСМ или изолација со ДПМНЕ

Од:

Оваа година е година на одлука. Одлука за европски напредок со СДСМ или изолација со ДПМНЕ. Нема трето, нема нешто помеѓу. Пред 4 години граѓаните донеса одлука. Резултатите од таа одлука ги гледаме денеска. За само неколку години со СДСМ државата направи историски изчекори, прво со членството во НАТО а потоа и со почетокот на преговорите со ЕУ после 17 години чекање. Демократијата повторно живее во нашата земја. Не се шепоти како порано, туку гласно се говори. Се дебатира за сѐ, нема забранети теми, нема забранети емисии нема последици за поинаквото мислење. Заробената држава е минато, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Платите и пензиите имаат историски најголем раст, трудот на работниците се вреднува и се почитува, инвестициите се најголеми а парите се враќаат назад кај граѓаните. Се справивме со последиците од сите глобални кризи, над 2,6 милијарди евра вративме назад кај народот. Сега е време за нова одлука за иднината.
Изборот е сигурна европска иднина, подобар животен стандард и европски вредности со СДСМ.

Или враќање назад во минатото, изолација и неизвесност со ДПМНЕ и Левица. ДПМНЕ не може да донесе ништо добро за земјата. Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ. Тоа е истата режимска партија во која ништо не се променило. Хаосот којшто се случува во Скопје, но и во другите општини под капата на ДПМНЕ е олицетрворение на тоа што се случува кога оваа партија е власт. На овој народ не му требаат нови загубени години. Затоа ова ќе биде добра година, ќе биде успешна година! Ќе биде година на европска Македонија – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер

А1он

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари