Американскиот претседател Џо Бајден ја коментираше победата на Трамп во Њу Хемпшир.
Тој рече дека е јасно дека Доналд Трамп ќе биде републикански кандидат во 2024 година.
„Сега е јасно дека Доналд Трамп ќе биде републиканскиот кандидат. А мојата порака до земјата е дека влогот не може да биде поголем. Нашата демократија. Личните слободи – од правото на избор до правото на глас. Нашата економија – која го доживеа најсилното закрепнување од Ковид-19 во светот. Сето тоа е во прашање“, рече Бајден во соопштението за печатот.
Тој ги покани независните кандидати и републиканците „кои ја споделуваат посветеноста на основните вредности на нацијата – демократијата, личните слободи, економијата што им дава на сите фер шанса“ да му се придружат.