Осумнаесет лица загинаа, а повеќе од 130 се повредени во денешните ракетни напади на руските сили низ Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој изјави дека се погодени повеќе од 200 згради, меѓу кои 139 станбени згради.
„Моето сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Бројот на загинатите може да се зголеми. Конкретно, спасувачката операција сè уште е во тек во Харков“, рече Зеленски во видео обраќањето.