Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз пред мечот со Александар Зверев на Австралија опен изјави дека секој меч со германскиот тенисер е голема битка.
Зверев утре од 10 часот и 45 минути ќе ги одмери силите со Алкараз во четвртфиналето на Австралија опен.
“Секој наш натпревар е голема битка. Сакам да му се реваншираме за поразот на Мастерсот. Турнирот е неверојатен, условите за игра ми одговараат. Буквално се чувствувам многу подобро од натпревар во натпревар. Стигнав во четвртфиналето со многу самодоверба. Очекувам против Саша да играм уште подобро“, изјави Алкараз, пренесува Спортклуб.