Нетанјаху: Доживеавме еден од најтешките денови во војната, ќе продолжиме до победа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по експлозијата во Појасот Газа, во која загинаа 21 израелски војник, дека Израел ќе продолжи да се бори во Газа до „апсолутна победа“, и покрај тоа што претрпе еден од најтешките денови од почетокот на воената офанзива против палестинската енклава.

„Вчера доживеавме еден од најтешките денови од избувнувањето на војната. Во името на нашите херои, во името на нашите животи, нема да престанеме да се бориме до апсолутна победа“, рече Нетанјаху, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека војската ја истражува „трагедијата“ во која загинаа 21 војник кога експлозија погоди згради во центарот на Газа.

Израел претходно соопшти дека 21 војник загинал во Појасот Газа кога две згради се урнале по голема експлозија и наводно тенк бил погоден со проектил.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, израелската армија сè уште ја истражува причината за експлозијата, но се верува дека е предизвикана од проектил испукан кон зграда во која биле складирани мини.

Би можело да ве интересира

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Нетанјаху: Договор засега не е постигнат

Најмалку 13 лица, меѓу кои две деца, загинаа во израелските напади врз Газа