Силен земјотрес во Кина, има и загинати

Од:

Најмалку три лица загинаа, а неколку се повредени во земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што ја погоди кинеската автономна ујгурска област Ксинџијанг, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Ксинхуа објави дека едно дете е во стабилна состојба во локалната болница, откако полицијата го спасила од урнатата зграда. Медиумите објавија дека се евакуирани 12.000 луѓе.

Во земјотресот, рано утринава по локално време, повеќе од 120 згради се оштетени или се урнаа, а поради оштетување на инфраструктурата накратко беше прекинато снабдувањето со електрична енергија, пренесува АП.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 22 километри во округот Вукси во префектурата Аксу, во планинската гранична област меѓу Кина и Киргистан, јави Ксинхуа.

Жителите беа предупредени да се држат подалеку од оштетените домови бидејќи главниот земјотрес беше проследен со 70 последователни потреси со магнитуда од 3,0 или поголеми, од кои најсилниот беше со јачина од 5,3 степени, иако температурите паднаа на минус 10 степени Целзиусови, пена е Кјодо.

Спасувачите учествуваат во спасувачка операција во област која се наоѓа на околу 3.000 метри надморска височина.

Земјотресот бил почувствуван во целиот регион на Ксинџијанг, како и во соседните земји Киргистан и Казахстан, а во главниот град на Казахстан, Алмати, неколку лица се евакуирани од своите домови.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Силен земјотрес ја погодил Босна и Херцеговина

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала кај Крф

Горан Наумовски

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате