Во Чашка зголемени тензиите меѓу полицијата и населението

Од:

Поради воведување паралелка на албански наставен јазик во ноември лани, наставата во ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка и понатаму се бојкотира и во второто полугодие, а вчера и денеска се зголемија и тензиите меѓу локалното население и полицијата, информира за МИА, Цвета Пешовска од Советот на родители, кои наставата ја бојкотираат од 23 ноември лани.

-Целта на в.д. директорката Елена Николова се оствари, со што полицијата се сврте против народот. Тоа се и случи вчера кога велешката полиција првпат крена рака и на народот во Чашка кој мирно ја бојкотираше наставата, а со цел полицијата да и овозможи влез во училиштето на в.д директорката и двајца – тројца нејзини пулени наставници. Со тоа тензиите уште повеќе се зголемија. Денеска беше истата приказна како вчера, со тоа што в.д директорката не се појави, туку само два-тројца нејзини наставници пулени, што ги следат нејзините наредби, а додека останатите наставници мирно протестираат со нас. Тие нејзини наставници денеска со кордони помпезно сакаа да влезат во училиштето и тогаш се створија повторно тензии меѓу народот и полицијата, при што двајца-тројца наши жители беа нападнати од полицијата, појасни Пешовска.

Воедно информира дека во училиштето слободно секој ден па и вчера и денеска влегуваат децата од албанската паралелка во прво одделение, но настава нема. Во училиштето влегуваат и останатите 60- тина ученици со албанска националност од селата во општина Чашка, кои учат во заедничките паралелки со децата Македонци на настава на македонски јазик, но поради тоа што нема настава тие само седат на клупите.

Пешовска најавува дека мирниот бојкот на настава проджува и понатаму, се додека не се исполни нивното единствено барање за укинување на паралелка на албански наставен јазик а тие ученици од оваа паралелка да се вратат во паралелката на македонски наставен јазик со кои учеа од 1 септември.

-Не може во училиште со статут на настава на македонски наставен јазик да се формира паралелка на албански наставен јазик. Ние не сме против овие ученици Албанци да учат со нашите деца, но тоа да биде во заеднички паралелки како што беше претходно, децидна е Пешовска од Советот на родите

Инаку министерот за образование Јетон Шаќири им достави допис во кој наведува дека се исполнети условите за формирање на паралелка на албански наставен јазик и бара промена на статутот на училиштето.

Пешоска информира дека попладнево жителите на Чашка и претставници на Советот на родители ќе имаат средба со началникот на СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Активен е пожарот кај селото Оморани

Горан Наумовски

Во Општина Чашка денеска избувна пожар и над село Теово во месноста Карпас

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

Нема никаков документ за договорот за настава на албански јазик во Чашка, во случајот има многу пропусти вели Јаневска

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Во „Тодор Јанев“ во Чашка сепак ќе се учи на албански: Ќе има нов директор и нема да се менува статутот

A1on