Кривична пријава за директор на средно училиште во Кочани, организирал патување без јавна набавка

Од:

Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против С.З.(35) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. информира МВР.

– Пријавениот, во својство на вршител на должноста директор на средно општинско училиште во Кочани, во април 2023 година, спротивно на член 40 став 1 од Законот за јавни набавки, за патување на тим од училиштето на Светското првенство по роботика во Мароко, без да спроведе постапка за јавна набавка, ангажирал туристичката агенција и за услугите ѝ исплатил износ од 296.960 денари и на тој начин овозможил да оствари противправна имотна корист во износ од 296.960 денари се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Според МВр, директорот за учеството на тимот на училиштето на светскиот натпревар, без претходно донесена одлука за ребаланс на буџетот од училишниот одбор, за оваа намена од сопствената сметка на училиштето исплатил 735.214 денари, односно 107.714 денари повеќе од прибраните по пат на донации. Со ваквото дејствие, пријавениот постапил спротивно на член 89-а од Законот за средно образование и член 114 од Статутот на училиштето, со што го оштетил буџетот на средното училиште за износ од 107.714 денари.

Би можело да ве интересира

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Танчерки од Русија, Бугарија и Србија нелегално работеле во ноќен клуб во Охрид