Левица предлага закон за ограничување на кириите

Од:

Со дополнување на Законот за домување, пратениците од Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов предложија решавање на едно од најважните општествени прашања за социјалната држава – регулацијата на закупот на простор за домување, т.е. на КИРИИТЕ за становите. Секоја современа држава е должна да обезбеди добар квалитет на живот за своето население и да има добри стандарди за домување, се вели во партиското соопштение.

Со овие измени ќе се предвиди висината на закупнината на годишно ниво, да не може да биде повисока од ТРИ ОТСТО (3%) од вредноста на становите утврдена согласно со Методологијата за утврдување на вредноста. Во овој момент горна граница не постои, туку со владина уредба се утврдува само најниската закупнина (од 2% од вредноста на становите), велат од Левица.

Со предложените законски решенија ќе се утврдат реални цени за закупнината преку кои за сопствениците на станови ќе се обезбеди правичен стандард и законски механизам за определување на цената за изнајмување, а за закупците сигурност и заштита од плаќање на прекумерни кирии за изнајмување, несоодветни за вистинската (реална) вредност на просторот. Вака ќе се подобри квалитетот, транспарентноста и вредноста на реалниот простор за домување на државно ниво и ќе се заштити правото на граѓаните за домување, соопштува Левица.

Ова е првиот чекор во насока на целосно решавање на СТАНБЕНОТО ПРАШАЊЕ низ систематски пристап, со што ќе се стимулира создавање нови семејства и економски клетки и ќе се успори иселувањето на младите.

Предизвиците на новото време можат да бидат решени само низ егалитарен и левичарски пристап, кој ќе ја ослободи политиката и општеството од ненаситноста на желбата за профит.

Би можело да ве интересира

Левица му оддаде почит на Гоце Делчев: Неговото дело да биде водилка за политичко делување, а не само протоколарно чествување

А1он

(ВИДЕО) Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите

(ВИДЕО) Крмов: СДСМ во страв од Левица ги кочи измените на Изборниот законик

Казна од 550 евра за лидерот на „Црвена младина“

(ВИДЕО) Левица тврди дека е приведен Андреј Куцуловски поради истакнување знаме на Палестина

Горан Наумовски

Левица: Државата не е способна ниту мизерниот 1% од концесиите да го наплати

А1он