Мајкрософт тврдат дека руска хакерска група насилно пристапила до корпоративните бази на податоци и украла мејл пораки и документи од компјутерите на неколку вработени.
Сепак, оваа хакерска група пристапила на сосема мал процент од корпоративните компјутери и кориснички сметки, меѓу кои и оние на високото раководство, безбедносните служби и лица на повисоки функции.
Во светот на сајбер-сигурноста оваа руска група е позната како Нобелиум или Миднајт Близард. Наводно, нивната активност за хакирање на Мајкрософт започнала уште при крајот на 2023 година.
Притоа, од Мајкрософт тврдат дека се справиле со нападот и ги блокирале сите злонамерни активности кои се заканувале да ја нарушат безбедноста на компанијата.