Претседателот на Украина го покани поранешниот амеркинаски претседател да го посети Киев и да дознае каква формула има Трамп за прекинување на војната за 24 часа.
Своевремено, Доналнд Трамп ветуваше дека може да издејствува оваа војна помеѓу Русија и Украина да заврши за 24 часа, доколку биде избран за претседател на САД. По тој повод, во интервју за британската Channel 4 News, Зеленски го покани Трамп во Киев.
Трамп засега води пред актуелниот претседател Бајден во повеќе американски држави, во пресрет на претседателските избори оваа година.