Мицкоски за Водици: Со добри дела и со силна волја можеме да ја вратиме надежта за посветла иднина

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го честиташе празникот Богојавление – Водици на сите верници во Македонија.

„Овој ден ја симболизира духовноста и нашата силна вера во Бога, бидејќи кога сме силни во духот и обединети во доброто можеме да го победиме секое искушение и секој предизвик. Како народ денес сме соочени со мрачни и тешки премрежија кои ги рушат нашите традиционални вредности кои низ вековите не одржале. Но, тука се и човечките слабости на корупција и криминал, кои ги разјадуваат темелите на нашата држава, на нашиот заеднички дом. Овие проблеми, како никогаш до сега, се закануваат на нашиот опстој и затоа мораме да бидеме единствени и одлучни да им се спротивставиме. Тие се изворот на сиромаштијата, бесперспективноста и целосниот распад на системот во Македонија и потребна ќе ни биде голема мудрост, сплотеност и истрајност тоа зло да го победиме. Со добри дела и со силна волја можеме да ја вратиме надежта за посветла иднина и да градиме подобра Македонија за нас и за нашите идни поколенија. Тој пат ќе го одиме сите заедно во слога, меѓусебно разбирање и взаемна почит, без разлика на нашата верска, етничка или политичка припадност, затоа што тоа ние аманет од претходните и завет кој ќе го оставиме на идните генерации. Нека е честит овој светол празник и нека донесе мир и радост во секој дом. Нека е вечен денот Богојавление – Водици. Нека е вечна Македонија. Бог се јави, навистина се јави“, напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

СДСМ: Прашањето за мигрантите е надлежност на Собранието

Горан Наумовски

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот