Косово го воведе еврото како единствена валута

Од:

Во Косово веќе нема да се користи српскиот динар, од 1 февруари го воведуваат еврото како единствена валута.

Со уредба на Централната банка на Косово од 1 февруари еврото е единствена валута за извршување на готовина и платежни трансакции.

Во указот на Банката се наведува дека ваквата уредба е донесена согласно Уставот на Косово и законот на Централната банка на Косово и дека ЦБК е единствената „монетарна власт која може да одлучува за дозволените апоени на валутата евро за оптек на територијата на Косово“

Српскиот динар како официјалната валута на Србија до сега го користеа српските заедници во Косово. Српската валута се користеше и за исплата на плати на вработените во српските институции, како и пензии во српскиот систем, детски додаток или социјална помош. Српскиот динар, исто така се користеше и во трговијата во српските територии на Косово, а цените во продавниците се прикажани исто во динари.

Меѓутоа, со уредбата на Централната банка на Косово еврото станува единствена валута. Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека со ова се запита комплетниот платен промет меѓу Србија и Косово.

Регулативата на Централната банка на Косово наведува дека другите валути, освен еврото, можат да се користат во Косово само како вредност за чување во физичка форма или на банкарски сметки во валути различни од еврото, за вршење меѓународни плаќања во валути и девизни активности.

Централната банка на Косово одлучи да ги повлече од оптек банкнотите од 500 евра, и се наведува дека „ниту едно физичко или правно лице нема да може да понуди услуги за депонирање или подигање готовина“ без дозвола на ЦБК. Медиумите пишуваат дека на овој начин надлежните институции сега се обидуваат да го контролираат циркулирањето на парите увезени од Србија. Во заклучоците се вели дека Ниту едно физичко или правно лице не смее да увезува и да биде опремено со техничко-електронски машини за услуги на подигање и депонирање пари, доколку не е лиценцирана како финансиска институција за вршење банкарски работи или небанкарска финансиска институција со лиценцирани услуги за електронски пари и платежни услуги.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина