Спасени лицата кои со моторно возило заглавиле на врвот на Галичица

Од:

Спасени се лицата кои со моторно возило заглавиле на врвот на Галичица, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

По повик на единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи утрово, од пет до осум часот, се одвивала спасувачка акција на Галичица. Во акцијата се вклучиле Секторот за операции и координација во ЦУК и Регионалниот ЦУК Охрид.

– Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, кои согласно временската видливост итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а секако и сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка, соопшти ЦУК.

Од ЦУК информираат дека паралелно било комуницирано и со лицата од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што се информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување.

Според АМСМ, од 15 ноември 2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила се до 1 април 2024 година.

Би можело да ве интересира

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата

Охриѓанец палел оган на Галичица – рекол дека е бездомник и сакал да се стопли

A1on

Пожарот на Галичица е под контрола, на терен се 100 пожарникари

Катерина Ѓуровски

Пожарот на Галичица е активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето

Оган и експлозии на Галичица, исцрпени доброволци со денови се борат со огнот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер пренесено повредено лице од Галичица до Охрид

Предраг Петровиќ