Италијанскиот производител „Фиат“ подготвува кросовер од семејството 500, што на пазарот треба да се појави во 2014 година под името 500Х.
Новиот кросовер 500Х ќе се произведува во Италија, на платформа што ќе ја дели со уште еден кросовер од компанијата Џип, а двете возила ќе бидат со должина од околу 4,2 метри.
Според фотографиите направени од прототипот новиот 500Х ќе има многу заеднички визуелни детали со моделот 500Л.
„Фиат“ планира производството да почне во фабриката Мелфи во 2014 година, а 500Х може премиерно да го видиме на саемот во Женева во март 2014 година.