Израел и Хамас се договорија за испорака на лекови на 45 израелски заложници во Газа

Од:

Израел и палестинската милитантна група Хамас постигнаа договор, со посредство на Катар и Франција, за испорака на итна медицинска помош на 45 израелски заложници во Газа, во замена за хуманитарна и медицинска помош за најзагрозените цивили.

Катар и Франција соопштија дека катарската помош ќе замине за Египет, пред да биде пренесена преку граничниот премин Рафа.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Мајед ал-Ансари, рече дека договорот значи дека „лековите, заедно со друга хуманитарна помош, ќе бидат доставени до Појасот Газа, до најпогодените и најранливите области, во замена за испораката на лекови кои им се потребни на израелските заложници во Газа“.

Тој не кажа колкава и каква помош ќе биде доставена до цивилите.

Претходно, Филип Лалио, шеф на кризниот центар на француското Министерство за надворешни работи, кој работи на организирање хуманитарна помош, изјави дека преговорите траат со недели и дека првичната идеја е од семејствата на некои од израелските заложници.

На секој од 45-те заложници ќе им бидат доставени специјални медицински пакети за неколку месеци, кои беа составени во Франција. Меѓународниот комитет на Црвениот крст ќе координира на терен.

Во Газа се уште има тројца Французи, но ниту еден од нив нема итна потреба од лекови, рече Лалио.

Би можело да ве интересира

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот