ВИДЕО: Интензивните борби во северниот дел на Газа завршија соопшти Израел

Од:

Интензивните борби на израелските вооружени сили против исламистичката група Хамас на северот на Појасот Газа завршија, соопшти израелското Министерство за одбрана.

Интензивната фаза на копнената офанзива на југот на крајбрежната енклава во областа на градот Кан Јунис наскоро ќе заврши, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, пренесува The Times of Israel.

„На крајот на војната, нема да има воена закана од Газа. Хамас нема да може да контролира и да функционира како воена сила во Појасот Газа, а ИДФ ќе има целосна слобода на дејствување да направи се што е неопходно за одбрана на граѓаните на Израел“, рече Галант. Можеби ќе биде потребно долго време, но ќе заврши со тотална победа“.

Иако периодот на интензивни борби наскоро ќе заврши, вооружените сили мора да продолжат со воениот притисок за да обезбедат ослободување на преостанатите израелски заложници во Газа, рече тој. „Доколку дојде до прекин на огнот, судбината на заложниците ќе биде запечатена многу години во заробеништво на Хамас“, рече Галант.

„Без воен притисок, никој нема да разговара со нас. Само од позиција на сила може да се ослободат заложниците“, рече тој.

Меѓународниот притисок постојано се зголемува врз Израел да го намали интензитетот на нападите и да избегне масовни цивилни жртви за време на нападите во Појасот Газа. Вашингтон го повика Израел да премине од силно бомбардирање на повеќе насочени напади против исламистичката милитантна група Хамас.

Би можело да ве интересира

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах