Вчера беа ослободени единаесет вработени во затворот кои беа држени како заложници од затворениците во затворот Есмералдас во Еквадор, соопшти полицијата. Тие беа меѓу 158 чувари и 20 членови на административниот персонал, кои беа земени како заложници од понеделникот во најмалку седум затвори во ескалацијата на насилството во јужноамериканската земја.
Според официјални извори, уште осум вработени во затворот биле ослободени пред саботата. Еквадор се соочува со безбедносна криза која се влоши оваа недела откако вооружени напаѓачи упаднаа во телевизиско студио за време на пренос во живо, а потоа затворениците зеле како заложници десетици затворски персонал.
Полицијата и вооружените сили продолжија со операциите низ целата земја. Повеќе од 800 луѓе се уапсени од почетокот на вонредната состојба во понеделникот. Вооружените групи реагираат на плановите на претседателот Даниел Нобоа да се справи со тешката безбедносна ситуација во земјата.