Новиот тајвански претседател ќе биде Вилијам Лаи од ДПП. Тој е поранешен потпретседател на Тајван, кандидат кој не и одговара на Кина бидејќи ги отфрла нејзините територијални аспирации кон Тајван.
Лаи стигна до пет милиони гласови, а главниот противник од опозициската КПП заостанува еден милион гласови.
Преброени се над 90 отсто од избирачките места.
КПП го призна поразот.
„Ви благодарам многу. Дадов се од себе. Многу сум тажен што не успеав да постигнам промена на власта. Многу ми е жал“, рече Хоу Ју-их.
„Се надевам дека сите страни ќе можат да се соочат со предизвиците на Тајван. Ни треба обединет Тајван“, рече тој.
Тој додаде: „Имаме многу прашања и проблеми, ни треба влада која ги решава и ни треба влада која им служи на своите млади луѓе“.
Набргу откако КМТ го призна поразот, истото го стори и Ко Вен од ТПП.