Украинските пензионери ќе умрат без финансиска помош од Западот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој посочи дека во моментов во буџетот на државата нема пари за исплата на пензиите.
Зеленски на прес-конференција при посетата на Летонија истакна дека Украина „многу купува со своите пари“, но дека државата има големи потешкотии во финансирањето на исплатата на пензиите.
„Не можеме да одбиеме да им дадеме пензија на пензионерите. Не барам сожалување, но без пензија едноставно ќе умрат стари луѓе. Имаме повеќе од 11 милиони пензионери – има ли барем уште една таква земја во Европа?“, рече Зеленски, пренесе РИА Новости.
Според него, недостатокот на помош може да лиши од живот милиони украински пензионери. Тој, исто така, ги критикуваше американските политичари кои повикуваат на прекин на помошта за Киев, велејќи дека тие „не разбираат што значи да се поддржат пензионерите во земја во војна“.