Левица со предлог, мајките-земјоделки да имаат платено породилно отсуство

Од:

Пратеникот Борислав Крмов од Левица побара жените земјоделки да добијат платено породилно отсуство, бидејќи тие како индивидуални земјоделки се исклучени од Законот за здравствено осигурување.

„Овој закон ние го поднесовме на 6-ти април и речиси година дена стои заглавен. За жал во нашата држава само со притисок и пред избори работи се случуваат. Тргнувајќи од фактот дека правото на паричен надоместок за време на привремена спреченост за работа согласно законот е задолжително здравствено осигурување. Паричниот надоместок за привременото отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство по својот социјален карактер е обврска на државата. Покрај ова, жените регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени од Законот за здравствено осигурување и не го добиваат ова фундаментално право. Земјоделките, де факто, се статусно дискриминирани во однос на другите работнички – оваа нееднаква социјална политика има сериозни последици врз нивното репродуктивно, психичко и физичко здравје“, вели Крмов.

Тој посочи дека заштита на мајките е фундаментално право кое не треба да се заслужува, а овој проблем во целост го нотира и извештајот на ЕК.

Би можело да ве интересира

Левица: Претседателката Давкова да не го потпишува новиот закон за легализација на дивоградби

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Исмаил: Наместо за работниците, парите одат во профит

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он

Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

А1он