Триесетдневен притвор за таткото кој до смрт си ја претепа ќерката

Од:

Триесетгодишниот Ф.Д., кој ја претепа двегодишната ќерка која почина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје доби триесетдневен притвор, информира СВР Охрид.

Од полицијата информираат дека таткото Ф.Д. е спроведен во казнено-поправната установа Затвор „Битола“.

За него, кичевското обвинителство на 11 јануари отвори истрага за кривичното дело убиство.

„Осомничениот на 18 декември 2023 година при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крвавење во мозокот и скршеници на две ребра“, соопштија од обвинителството.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он