Скок на цената на нафтата по нападот на САД и Британија во Јемен

Од:

Цената на нафтата скокна по нападот на САД и Британија во Јемен, пренесуваат британските медиуми.

Цената засега е покачена за 2 отсто, но може да продолжи да се качува поради нападот, кој пак ја зголеми загриженоста на пазарот за потенцијалното влијание на поширокиот конфликт на Блискиот Исток врз испораките на нафта од регионот, особено оние што се движат низ критичниот Ормутски теснец.

Соединетите Држави и Велика Британија извршија воздушни и поморски напади врз воени цели на Хутите во Јемен, како одговор на нападите на групата поддржана од Иран врз бродовите во Црвеното Море.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија