Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека четири земји би можеле да бидат изложени на ризик доколку Украина падне. Во видеото што го објави советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, Зеленски вели дека четирите балтички земји би можеле да бидат следната цел на рускиот претседател Владимир Путин.
„Следни можат да бидат Литванија, Летонија, Естонија, Молдавија. И тоа е сигурно ако не издржиме“, рече Зеленски.
Зеленски вчера ненадејно отпатува за Литванија, а во наредните денови треба да ги посети Летонија и Естонија. Во Литванија тој се заблагодари за ново одобрениот пакет помош за Украина, потсетувајќи дека Русија веќе им се закани на некои земји во последните неколку месеци.
„Неодамна слушнавме дека почнале да зборуваат за Финска, почнале да зборуваат за независноста на Узбекистан итн. Путин нема да запре додека колективно не го спречиме“, рече Зеленски.
Путин и се закани на Финска дека ќе има проблеми доколку влезе во НАТО, а по Финска во НАТО треба да влезе и Шведска, која исто така неодамна ги предупреди своите граѓани за зголемен ризик од војна.