Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Од:

После предложувањето на контролорот Хекуран Асани за нов извршен директор на воздухопловната навигација М-НАВ, премиерот Димитар Ковачевски најави дека е побаран инспекциски надзор од Трудовиот инспекторат врз работењето на неколку Синдикати во Македонската навигација, а побарано е од Агенцијата за цивилно воздухопловство да достави извештај за истражувањето кое го правела за МНАВ.

– Имаше повеќе кандидати, не беа двајца, но според статутот во М-НАВ,се испостави дека идниот генерален директор мора да биде контролор на летање. Кандидатот кој е избран, беше оценет како квалитетен, тој веќе има 24 годишно искуство во таа бранша, а вториот номиниран има 25-годишно искуство. Новиот предлог Хекуран Асани, е активен контролор на летање во М-НАВ и ги исполнува барањата наведени во член 17 од Статутот на Акционерското друштво во државна сопственост М-НАВ – истакна премиерот.

По оваа одлука на Владата, Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) соопшти дека го ставаат во мирување штрајкот што го најавија за денес со затворање на воздушниот сообраќај на македонското небо, но сега синдикатот ќе биде предмет на надзор од Трудова инспекција што за Ковачевски не претставува никаков политички притисок.

– М-НАВ е финансиран од „Еуроконтрол“и треба да се контролира о од Еуроконтрол, бидејќи таа фирма е станата како семејна фирма и кога ќе погледнете има до трето колено вработување. Претседателот на Синдикатот татко му работел таму, брат му работи таму, он работи таму, тие станале како семејство и нивните конфликти кои се случуваат дома, се случуваат на работа. Сметам дека треба да се испита и начинот на кој се прават конкурсите, критериумите, селекцијата, да не се случи некој кандидат да добива готови тестови. Не знам, но премногу случајности има во таа организација кои имплицираат дека тие случајности не се толку случајни – додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он