(ВИДЕО) Издадена уредба во Еквадор: Во тек е внатрешен вооружен конфликт, тенкови по улиците

Од:

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, потпиша извршна уредба со која се прогласува дека во таа земја е во тек внатрешен вооружен конфликт. Тој изјави дека во земјата има голем број организирани криминални групи кои ги означи како терористички организации, додавајќи дека на вооружените сили им наредил да спроведат воени операции за неутрализирање на овие групи.

Напаѓачите упаднале во студиото за време на директен ТВ пренос и ги принудиле вработените да легнат на подот, додека во позадина се слушале истрели и викање.

Полицијата во меѓувреме соопшти дека ги евакуирала вработените.

На социјалните мрежи може да се видат и видеа од армиски тенкови кои се донесени на улиците на главниот град.

Да потсетиме, во Еквадор е на сила вонредна состојба поради бегството од затвор на водачот на озлогласената криминална група Адолфо Масиас Виљамар, познат како Фито, по што беа киднапирани најмалку седум полицајци, а низа евидентирани се експлозии низ целата земја.

Групата на Фито, меѓу другото, е осомничена и за убиство на претседателски кандидат во Еквадор.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници