Израелската војска призна дека го извршила нападот во кој загинаа двајца новинари на Ал Џезира во Газа

Од:

Израелската војска (ИДФ) денеска призна дека извршила воздушен напад во кој загинаа двајца новинари кои работеле за Ал Џезира во Појасот Газа во неделата, додавајќи дека цел на напад биле терористи.

„Израелскиот авион идентификуваше и нападна терорист кој управуваше со беспилотно летало, кој претставуваше закана за израелските трупи“, изјави израелската војска за Си-Ен-Ен.

ИДФ посочува дека е запознаена дека при нападот биле погодени уште две лица кои биле во истото возило со терористот. Еден од загинатите во нападот е новинар и оператор на беспилотни летала кои работеле за Ал Џезира, Мустафа Турај, изјави за Си-Ен-Ен шефот на бирото на телевизиската мрежа во Ерусалим и Рамала, Валид ал-Омари.

Турај беше еден од неколкуте новинари, вклучително и фоторепортерот Хамза Ал-Дахдух, кој отиде во Рафах за да ги покрие последиците од израелскиот напад врз семејната куќа на Абу ал-Наџ во кој загинаа десетици луѓе, рече Ал-Омари.

Додека се враќаа во Кан Јунис, израелските беспилотни летала гаѓаа два автомобили – првиот автомобил во кој беа Хамза и Мустафа и возачот, а вториот автомобил со репортер и возач на „Палестина денес“.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас