Ултрадесничарскиот масовен убиец Андерс Брејвик, кој уби 77 луѓе на норвешкиот остров Утоја во 2011 година, има намера да побара од судот да му ја укине изолацијата, но ја тужи Норвешка бидејќи наводно му ја ограничила комуникацијата со надворешниот свет.
Во 2011 година, Брејвик прво уби осум лица со автомобил во Осло, а потоа уби уште 69, главно тинејџери, во младинскиот камп на Лабуристичката партија на островот Утоја, а тоа се смета за најголемото злосторство извршено во Норвешка.
Брејвик се наоѓа во затворот Рингерик. Овој затвор е со голема безбедност одалечен 70 километри северозападно од Осло. Просторот што го користи Брејвик има соба за вежбање, кујна, ТВ соба и бања, а му е дозволено да чува три папагали како домашни миленици кои слободно летаат во областа, пренесува Ројтерс.