Снег, снежна бура и силен ветер го зафатиле северниот дел од Јадранското Приморје. Во Хрватска и официјално вклучен црвен метео-аларм.
Најтешка е ситуацијата во Кварнерскиот и Велебитскиот Канал, а се очекува ветерот и силните бури да земат уште поголем замав во текот на ноќта. Кај Велебит се очекуваат дури и оркански ветришта од 170 километри на час.
Кај северниот брег на Јадранското Море се очекуваат снежни наноси. Невремето ги прекина дел од траектите и регуларните бродски линии на Јадранот.