Вториот ден од Божиќ, познат како Собор на Пресвета Богородица, е подеднакво значаен за верниците како и првиот ден. Па така, подгответе се за поинакви обичаи од оние посветени на Христовото раѓање.
На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Неа, Која е Богородица.
И додека Бадник и Божиќ ги поминуваме дома, Соборот на Пресвета Богородица е ден кога ги посетуваме членовите на поширокото семејство и пријателите.
Во регионот владее верување дека на 8 јануари се помируваат оние кои претходно биле лути еден на друг и дека не смееме никого да вратиме од куќниот праг.