Домаќинствата во Македонија плаќаат најскапа струја од земјите во регионот и покрај субвенциите кои се напишани на секоја испорачана сметка за електична енергија.
Македонските граѓани плаќааат поскап киловат час од граѓаните на Албанија, Црна Гора, Србија и Босна и Косово. Ова го покажуваат и најновите податоци на европстата статистичка служба (Евростат) за првата половина од 2023 година.
Според Евростат, во првата половина на 2023 година, еден киловат-час енергија во Албанија чинел 10,1 евро за 100 киловат- часови, додека во Македонија е нешто поскап и изнесува 10,5 евра за 100 киловат-часови.
Семејствата во Албанија и во Македонија плаќаат повеќе за енергијата што ја трошат во споредба со другите земји во регионот, покажуваат податоците објавени од Евростат.
Според Евростат, косовските семејства имаат најевтин енергенс во Европа, по цена од 0,067 евра за киловат-час, објави Евростат. Следуваат Турција (0,084), Босна и Херцеговина (0,087), Србија (0,096) и Црна Гора (0,096).
Токму за да се ублажат високите трошоци за енергија, речиси сите земји размислуваат и дејствуваат за да обезбедат поевтини енергенти и за граѓаните и за стопанството.
Освен што како држава треба да се фокусираме и посветиме на домашно производство на електрична енергија, за што се потребни долгорочни нацинални стратегии, Владата може влијае врз намалување на цената на електричната енергија преку изборот на најповолна понуда за Универзален снабдувач за електрична енергија за наредните пет години.
Најповолна понуда значи избор на компанија која ќе понуди најниска и најпрофитна маржа од сегашната која изнесува 11, 5%.
Пониската маржа понудена од Универзалниот снабдувач на елекртична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе придонесе во иднина македонските домаќинства да плаќаат пониски сметки за електрична енергија. Една од компаниите која најави учество во јавниот повик за Универзален снабдувач, ЕДС , која е една од најсериозните учесници во тендерот, уште на почетокот најави далеку пониска маржа од сегашната.
Јавниот повик за Универзален снабдувач завршува на 12 јануари. Дали во иднина ќе плаќаме најскапа струја во регионот или не, зависи од тоа дали Владата ќе ја дискфалификува или ќе ја избере наповолната понуда на јавниот повик. Оној кој ќе биде избран за Универзален снабдувач ќе ја преземе улогата во јуни 2024.