Четири лица загинаа во пожар во болница во германскиот град Илзен, а 22 лица се повредени, од кои шест се во опасност, објави денес противпожарната служба.
Според полицијата, тројца пациенти починале на лице место, а еден им подлегнал на повредите во друга болница.
Пожарот што избувна во четвртокот навечер во болница во градот Илсен во Долна Саксонија беше брзо изгаснат, а најголем број повреди беа предизвикани од вдишување на чад и изгореници, пренесува Билд.