Американската пејачка Бритни Спирс ги демантираше тврдењата на Page Six и The Sun дека поп-ѕвездите Чарли XCX и Џулија Мајклс пишуваат песни за нејзиниот нов албум.
“Само да бидам јасна, повеќето вести се ѓубре. Постојано велат дека посегнувам по случајни луѓе за да направам нов албум. Никогаш не се враќам во музичката индустрија”, напиша Бритни на Инстаграм.
Таа додаде дека во последните неколку години напишала повеќе од 20 песни за други уметници.