Германија: Едно лице загина во пожар во болница, 22 се повредени

Од:

Едно лице загина во пожар во болница во градот Уелзен, на околу 100 километри јужно од Хамбург, во северната германска покраина Долна Саксонија.

Повредени се уште 22 лица, од кои шест потешко, соопшти портпаролот на противпожарната служба. Повредите се предизвикани од вдишување чад и изгореници. Пожарникарите соопштија дека пожарот бил брзо изгаснат.

Пожарникарите рекоа дека службите за итни случаи поставиле собирно место каде се прегледуваат пациентите. Тие потоа беа распоредени во други одделенија во болницата или беа однесени во соседните болници.

Би можело да ве интересира

Тело на маж е пронајдено во запалена куќа

Пожар во старски дом во Кавадарчко, евакуирани 30 станари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во најголемата фабрика за батерии во светот

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Се запали една просторија во Поликлиниката Чаир, нема повредени