Заврши потрагата по 22-годишна скопјанка која беше пријавена за исчезната. МВР денеска извести дека девојката вчера е најдена.
„На 3 јануари во 15 часот во полициската станица Гази Баба, И.С.(63) од Скопје пријавил дека неговата ќерка А.С.(22), за која на 25.12.2023 била пријавена дека се оддалечила од домот, е пронајдена“, објави МВР.