Тело на Русинка пронајдено во куфер во канал во предградие на Белград

Од:

Тело на жена беше пронајдено во куфер во каналот во Падинска Скела (предградие на Белград), а според српските медиуми, станува збор за руската државјанка Људмила Туркова Константиновна, која исчезна на 25 јули годинава.

Засега нема официјална потврда за идентитетот на пронајденото лице, а надлежните органи ги утврдуваат сите околности на случајот.

Телото е испратено во Институтот за судска медицина, каде што со обдукција ќе се утврди точната причина за смртта и ќе се потврди идентитетот на жртвата.

Таа последен пат е видена на 25 јули. Според претходните информации, таа се подготвувала да оди во ноќен клуб во Белград, но не е познато дали навистина стигнала таму.

Последната порака ја испратила во 23:15 часот, по што ѝ се изгуби секаква трага.

Во моментот на исчезнувањето, според описот, таа носеше црни хеланки. Меѓу нејзините препознатливи белези се тетоважите – две змии на левата нога, голема калиграфска тетоважа на предниот дел од десната потколеница, тетоважа во јапонски стил на рамената, како и неколку помали тетоважи.

Безживотното тело на жената беше пронајдено синоќа во каналот во Падинска Скела, што ги вознемири жителите на оваа белградска населба.

Полицијата и форензичките екипи извршија увид, а истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Терористот Дарио (18) од Бела Река, кој се водеше како исчезнат, се обиде да убие жандарм во Белград

Горан Наумовски

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Јаков Јозиновиќ ги одложи концертите во Белград

А1он

Ја допирал внуката по телото и се обидел да ја бакне в уста – уапсен е 64 годишник

А1он

Момче изгуби свест за време на опасна „игра“ со соученик

А1он

ВИДЕО: Објавена снимка од приведувањето на градоначалникот на Белград Александар Шапиќ

Катерина Ѓуровски