Европски сојуз за променa: Отворени сме за зајакнување и раст на победничката коалиција

Од:

Во време кога албанската политичка сцена во РСМ е поделена меѓу Сојузот за европски промена кој има за цел да ги обедини Албанците за да ја направи долгоочекуваната политичка ротација и интеграција на земјата во ЕУ, и меѓу оние кои ја зазедоа државата и ја блокираа интеграцијата , чувствуваме должност да објасниме дека и понатаму останува отворена понудата за раст на овој опозициски табор, се вели во соопштението на Европски сојуз за променa.

„Во оваа прилика сакаме да ја информираме јавноста дека ние досега имавме неколку средби со првиот човек на Алијанса за Албанците и тој ја има отворена поканата да дојде со достоинствено претставување. Европскиот Сојуз за Промена сака да ги увери Албанците дека победата на оваа коалиција поддржана од албанската дијаспора и релевантниот албански фактор во регионот е веќе евидентна и никој не може да ја спречи.

Не само анкетите и духот на победата, туку и начинот на кој ДУИ се однесува против Сојузот за членот на ДИК, како и можностите за создавање на идната влада, сето тоа е доказ дека победата сигурно ќе дојде. Ова им овозможува на гласачите на АА да бидат претставени на страната што ја испраќа ДУИ во опозиција. Веќе е евидентно дека гласот на албанскиот граѓанин, вклучително и гласот на активистот и на подржувачот на АА, е за промена на албанската политичка сцена во земјата, па затоа соединувањето на АА со ЕСП ќе овозможи пролетната победа да биде уште поголема и поубедлива. Промената на албанската политичка сцена во земјата секако ќе дојде и сите се добредојдени да бидат дел од неа“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ЕСП: Засега нема договор за коалиција со Алијанса на Албанците

Горан Наумовски

Европски сојуз за промена: Дали намерно се одолговлекува изградбата на патот Скопје – Блаце?

Меџити, Гаши и Касами ги продолжуваат средбите со конгресмени во Вашингтон

А1он

Европски сојуз за промена: Законот не важи подеднакво за членовите на семејството на Али Ахмети

Европски сојуз за променa: Одлуката на Судскиот совет, силен удар за корумпираната власт

Садики-Шаини: Албанската опозиција не учествуваше на координација кај Џафери, почнуваме со бојкот на Собранието